Временска прогноза – Сончево и многу топло време

Сончево време (илустрација)

Денеска нѐ очекува уште еден сончев и многу топол ден, а од УХМР најавуваат дека мала до умерена облачност во некои делови од земјава ќе се појави во попладневните часови.

Минималната температура денеска се очекува да се движи од 11 до 18 степени, додека максималната да достигне 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер.

За разлика од денеска пак, утре на повеќе места во земјава се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.