Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10% во наредниот период. Во објава на неговиот фејсбук пробил тој вели дека домашни компании за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци доброволно прифатиле да ги намалат цените за 10 отсто.
„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “Гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10%!“, пишува Бектеши.
Видете и ова:
Каква е логиката на укинувањето на акциите во маркетите „плати едно земи две“?Министерот вчера соопшти дека цените на вкупно 25 категории на производи се очекува значително да се намалат најдоцна до 21 септември. Се очекува да поефтинат пекарските и млечните производи, некои видови на месо и овошје и зеленчук.
Новата мерка на Владата значи намалување на цените за 10 отсто во однос на нивото на цените од август, а кај некои производи и до 30 отсто. Оваа мерка ќе се спроведува до крајот на ноември.
Овие производи ќе добијат ознака „гарантирана цена“, кои во маркетите ќе се продаваат до 30 ноември.
Минатата недела анализата на Државниот пазарен инспекторат утврди зголемување на основните млечни и месни производи за 40 проценти споредено со минатата година.