Украина наскоро ќе добие тенкови М1 Абрамс од САД, изјави денеска во Германија американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.
Вашингтон му ги вети тенковите на Киев на почетокот на годината, како дел од повеќе од 43 милијарди долари безбедносна помош, што ја ветија САД откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
„Задоволство ми е да објавам дека тенковите М1 Абрамс за кои претходно се обврзаа САД ќе влезат во Украина наскоро“, рече Остин на отворањето на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина.
Набргу по говорот на Остин, Ројтерс ја цитираше данската новинска агенција Рицау која информира дека данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен објавил дека Копенхаген ќе и подари уште 45 тенкови на Украина: 30 тенкови Леопард 1 и 15 Т-72.
Западните војски веќе ветија околу 100 напредни тенкови Леопард 2, заедно со 14 тенкови Челинџер 2 испорачани од Британија и 31 тенк М1 Абрамс од Соединетите Држави.
Видете и ова: Зеленски пред Генералното собрание на ОН: Не смееме да го оставиме Путин самСе очекува Зеленски да го искористи својот говор пред 78-то Генерално собрание на ОН за да ги повика Соединетите Држави и другите сојузници да го засилат воениот и другиот придонес во борбата против 18-месечната инвазија на Русија.
Притисокот од Соединетите Држави и другите сојузници, наводно, се зголемил врз Украина за да се покаже успех поради критиките за темпото на напорите на украинската војска да ги врати областите окупирани од Русија во јужна и источна Украина.
Претходно овој месец, Зеленски ја објасни реконструкцијата во областа на одбраната што вклучуваше смена на неговиот министер за одбрана и шест заменици, велејќи дека се потребни „нови пристапи“ во војната. Тој планира да се сретне со високи американски законодавци и други официјални претставници во Вашингтон подоцна оваа недела.