Вдовицата на Пригожин си го врати моминското презиме

Портрет на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, на неговиот гроб на гробиштата Порохов во Санкт Петербург, Русија, 30 август 2023 година.

Вдовицата на Евгениј Пригожин, Љубов Пригожина, официјално си го промени презимето, објави рускиот портал РБК, повикувајќи се на податоци за регистрација.

Пригожин загина во необјаснета авионска несреќа во август, два месеци откако покрена неуспешен бунт против руските власти.

Љубов Пригожина си го вратила своето моминско презиме Криажеваја, соопшти РБК.

Пригожин имаше три деца, но РБК нема податоци дали и тие си го промениле презимето.

Бунтот на Пригожин беше најголемиот предизвик за рускиот претседател Владимир Путин во текот на неговите 24 години на власт.

Рускиот претседател го нарече овој бунт „предавство“ и „нож во грб“, што доведе многу експерти да ја предвидат смртта на платеникот.

Видете и ова: Вагнер - Погребот на Пригожин се одржа на гробишта во околината на Санкт Петербург

Приватниот авион во сопственост на групата платеници Вагнер се урна на 23 август на пат од Санкт Петерсбург до Москва, а како што соопштија официјални претставници на компанијата,Пригожин бил меѓу десеттемина на листата патници.

Четири дена подоцна руските власти ја потврдија смртта на шефот на Вагнер.

Војниците на Вагнер одиграа клучна улога во руската инвазија на Украина, помагајќи да се преземат главните делови од градот Бахмут по речиси 10 месеци интензивни борби.