Oстатоци од беспилотно летало биле пронајдени на бугарското крајбрежје на Црното Море, соопшти на 18 септември бугарското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека на локацијата е испратена специјална воена единица за да се испита и да се отстрани муницијата што била прикачена на остатоците.
Додека потеклото на остатоците допрва треба да се потврди, министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев, рече дека „може да се претпостави дека [дронот] е поврзан со војната што Русија ја започна против Украина“ и река војната претставува ризик за Бугарија.
Тагарев не даде детали од каде дошол дронот и како стигнал до бугарска територија, велејќи дека има само прелиминарни информации.
Видете и ова: Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на производиОва е првпат Бугарија, членка на НАТО, да пријави дека на нејзина територија пронашла остатоци од дрон. Претходно во септември, соседна Романија објави три случаи во кои елементи на сомнителни дронови биле идентификувани на нејзина територија по нападите со руски беспилотни летала врз украинските пристаништа веднаш преку границата.
„Знаеме дека Русија ги бомбардира украинските пристаништа, кои се на само неколку стотини метри од територијата на Романија. Има случаи на паднати остатоци од дронови и друга муниција на романска територија. Немаме причина да мислиме дека оваа војна ќе не заобиколи. Да, има ризици за Бугарија“, рече Тагарев.
Остатоците се пронајдени на брегот на Црното Море на туристичкото место Туленово, кое се наоѓа на помалку од 30 километри јужно од романската граница и карши Крим.