Меѓународниот кривичен суд отвори канцеларија во Киев

УКРАИНА -- Генералниот обвинител на Украина Андриј Костин и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан во Киев, 14 септември 2023.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) отворил теренска канцеларија во Киев, соопшти украинското државно обвинителство на 14 септември.

Отворањето на канцеларијата е дел од напорите руските сили да одговараат за потенцијалните воени злосторства извршени за време на руската целосна инвазија на Украина.

Во соопштението од Меѓународниот суд се наведува дека канцеларијата во главниот град на Украина е најголема надвор од Хаг. Во соопштението се наведува дека за време на руската агресија врз Украина се регистрирани повеќе од 104.000 воени злосторства и се додава дека бројот на такви злосторства секојдневно расте.

Видете и ова: Воените злосторства - дел од воената култура на Русија

Главниот обвинител на Украина Андриј Костин изјави дека е направен уште еден чекор за понатамошно зајакнување на партнерството со Меѓународниот суд. Тој одржа заедничка прес конференција со обвинителот на МКС Карим Кан во Киев.