Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок денеска имаше ненајавена посета на Киев, каде ја пофали „храброста и решителноста“ на Украина и рече дека земјата има место во Европската унија.
Германската министерка пристигна во Киев со ноќен воз од Полска. Тоа е четврта посета на политичар од Партијата на зелените во главниот град на Украина, откако Русија ја започна инвазијата на својот сосед, пишува Дојче веле.
„Со огромна храброст и одлучност, Украина исто така ја брани и слободата на сите нас“, рече Бербок по нејзиното пристигнување, ветувајќи дека ќе ѝ помогне на Украина во нејзиниот обид да се приклучи на Европската унија.
Видете и ова:
Москва објави победа на Единствена Русија на изборите во окупираните украински територииТаа додаде дека Киев може да се потпре на Германија и декаодлучно да ја поддржи Украина на нејзиниот пат кон Европската унија“, но нагласи дека се потребни повеќе реформи, особено мерки за борба против корупцијата.
Бербок потсети дека Украина веќе има кандидатски статус и дека сега се подготвуваат да донесат одлука за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, пренесува Ројтерс.
„Кога станува збор за реформите во правосудството и медиумското законодавство, резултатите од реформите во Украина се веќе импресивни“, рече германската министерка.