Виетнам и САД предупредија на заканата од употреба на сила во Јужното Кинеско Море

Aмериканскиот претседател Џо Бајден и шефот на виетнамската комунистичка партија Нгујен Фу Тронг во Виетнам, 10 септември 2023 година

Во заедничка изјава од 11 септември Виетнам и Соединетите Држави предупредија на заканата од сила или употреба на сила во Јужното Кинеско Море, во пораката јасно упатена до Пекинг и усвоена за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Ханој.

Соединетите Држави, исто така, ветија дека ќе го поддржат Виетнам во неговиот развој на автономна одбрана, се наведува во текстот потпишан од американскиот претседател и шефот на виетнамската комунистичка партија Нгујен Фу Тронг.

Во текстот не се споменува експлицитно Кина, пренесува агенцијата Франс прес.

Видете и ова:

Самитот на Г20 заврши - Индија, Русија и Бразил го оценија како успешен

Американскиот претседател Џо Бајден за време на денешната посета на Ханој истакна дека односите помеѓу САД и Виетнам влегуваат во нова фаза.

„Двете нации ја продлабочуваат соработката во областа на информатичката технологија, полупроводниците и вештачката интелигенција. Виетнам е клучен за минералните резерви од исклучително значење,“ истакна Бајден на деловниот форум во Ханој.

Пекинг има право на речиси целото Јужно Кинеско Море, кое е важен воден пат за светската трговија и покрај конкурентските претензии на Филипините, Виетнам, Малезија и Бурунди.

Таквиот став предизвикува постојани тензии и многу чести инциденти, пренесува агенцијата Франс прес. Заедничката изјава беше објавена на вториот ден од посетата на американскиот претседател на Виетнам.