Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.
Следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.