Европската комисија и Владата на Турција синоќа потпишаа договор вреден 781 милион евра, со кој се обезбедуваат средства од ЕУ за најранливите бегалци.
Тоа е најголемиот договор потпишан со Анкара, истакна Делегацијата на ЕУ.
Договор за социјална безбедносна мрежа е продолжение на мрежата за итна социјална заштита, најголемата хуманитарна програма во историјата на ЕУ, која беше лансирана во 2016 година.
Видете и ова: Киличдароглу вети враќање на мигрантите во нивните земји
Со новиот договор се овозможува дека во следните три години, новото финансирање од ЕУ ќе и овозможи на Турција да продолжи да ги обезбедува основните потреби на околу два милиони бегалци, додека финансирањето ќе биде од корист и за локалната економија.
Со најновиот договор, од 2011 година вкупниот износ на поддршката на ЕУ за бегалците во Турција достигна повеќе од 10 милијарди евра.