Невремето именувано како Даниел што попладневно ја зафати Атина предизвика поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари. Неколку метро станици се поплавија, а идентична е ситуацијата и на неколку атински булевари, кои поради насобраната вода и со одлука на полицијата се затворени за сообраќај, јавува новинската агенција МИА.
Голем дел од улиците како во центарот на Атина, така и во останатите населби и предградија се претворија во реки.Паралелно, поради невремето во централна Грција затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.
Во Грција, рекордните врнежи предизвикаа најмалку двајца смртни случаи во близина на централниот град Волос, а три лица се пријавени за исчезнати.