Повеќе од 300 луѓе биле убиени, а повеќе од 600 повредени од касетна муниција во Украина во 2022 година, наведува извештајот на Комисијата за касетна муниција.
Украина на тој начин ја надмина Сирија, земјата со најголем број жртви од овој вид оружје, јавува Асошиејтед прес (АП).
Според податоците на Коалицијата, во нападите со касетна муниција или нивни остатоци во Сирија во 2022 година загинале 15 лица, а 75 биле ранети.
Касетните бомби се отвораат во воздух и ослободуваат голем број помали бомби и „подмуниции“. Извештајот на Коалицијата, мрежа на невладини организации кои се залагаат за забрана за оружје, беше објавен во вторник, на 5 септември.
Видете и ова: Украина „гаѓаше руско село со касетна муниција“Најсмртоносниот напад во Украина, според државниот обвинител, е бомбардирањето на железничката станица во Краматорск, во кој загинаа 53 лица, а 135 беа ранети.
Остатоците од експлозивни направи во Сирија и другите земји на Блискиот Исток убиваат или повредуваат десетици луѓе секоја година.
Долгорочната опасност за цивилите од таквото оружје е повторно во фокусот откако САД најавија дека ќе го испратат во Украина.
Во Ирак, каде што минатата година не беа регистрирани нови напади со касетни бомби, загинаа 15 лица, а 25 беа ранети. Во Јемен, каде исто така немаше нови напади, пет лица загинаа, а 90 беа ранети од остатоци од експлозив.
Повеќето од жртвите во светот се деца. Бидејќи некои бомби личат на метални топки, децата често ги земаат и си играат со нив без да знаат што се, пишува АП.