Нобеловата фондација на 2 септември ја повлече поканата до претставниците на Русија, Белорусија и Иран да присуствуваат на овогодинешното доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, признавајќи дека претходната одлука за упатување на поканата предизвикала негативни реакции, пишуваат светските медиуми.
„Нобеловата фондација во четврток, на 31 август, ја промени својата одлука да покани амбасадори од три земји на овогодинешната церемонија на Нобеловата награда во Стокхолм, откако поканата предизвика бран лути реакции“, пишува весникот „The Guardian“.
Нобеловата фондација, која ја организира годишната церемонија на Нобеловата награда и банкет во Стокхолм, одлучи да не ги покани рускиот и белорускиот амбасадор на церемонијата на доделувањето во 2022 година поради војната во Украина, посочува весникот, додавајќи дека истата одлука била донесена во врска со иранскиот пратеник поради задушувањето на протестите во земјата.
Откако шведската фондација на 31 август годинава објави дека се враќа на претходната практика на поканување амбасадори од сите земји претставени во Шведска, неколку шведски политичари изјавија дека ќе ја бојкотираат овогодинешната церемонија на Нобеловата награда.
Видете и ова: Олимпискиот комитет препорача враќање на руските и белоруските спортисти, но под неутрално знамеИако фондацијата претходно нагласи дека претходната покана до амбасадорите се засновала на верувањето „дека е важно и правилно да се допре до што е можно повеќе со вредностите и пораките што ги носи Нобеловата награда“, во саботата беше објавено дека силните реакции „целосно ја засенија оваа порака“.
Доделувањето на Нобеловата награда се одржува секоја година во Стокхолм на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел во 1896 година, кога лауреатите од областа на медицината, физиката, хемијата, литературата и економијата ги добиваат своите награди од кралот Карл XVI Густаф, пишува весникот, истакнувајќи дека овогодинешните добитници на Нобеловата награда ќе бидат објавени на почетокот на октомври.