Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин ќе се фокусираат на договорот за жито во Црното Море за време на состанокот закажан за 4 септември, додека Турција се обидува да ја врати Москва на договорот.
Ова во неделата на 3 септември го изјави советникот за надворешна политика на Ердоган, Акиф Чагатај Килич.
„Ние играме водечка улога овде. Гледаме силна поддршка од целиот свет за реализација на коридорот за жито“, рече тој.
Како што наведе, Анкара ги признала техничките компликации околу договорот, особено во однос на руското жито и механизмите за плаќање.
„Проблемот вклучува и меѓународни платежни системи како што е SWIFT, кој претставува повеќекратен предизвик“, додаде Килич.
Видете и ова: Украина објави дека руски беспилотни летала го нападнале регионот на ОдесаРусија и Украина се главни извозници на жито и нивниот првичен договор помогна да се намалат глобалните цени на храната, кои се зголемија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, што придонесе за глад во Африка и делови од Блискиот Исток.
Турција, заедно со Обединетите нации, посредуваше во јули минатата година за договор со кој на Украина ѝ беше дозволено да испорачува жито и друга храна од три пристаништа на Црното Море.
Москва се откажа од тој договор минатиот месец, наведувајќи неуспехот да се почитуваат одредбите насочени кон олеснување на рускиот извоз на земјоделски производи и ѓубрива.
Видете и ова: Средба Ердоган - Путин на 4 септември во СочиРусија оттогаш започна напади врз украинската пристанишна инфраструктура и предупреди дека може да ги смета сите бродови во Црното Море за воени цели. Руската морнарица отвори оган и накратко се качи на брод во турска сопственост, кој на почетокот на овој месец влезе во Црното Море.
Украина сега е зависна од копнените патишта и речните пристаниште што сериозно го ограничува нејзиниот обем на извоз на жито.
Утрото на 3 септември, руски беспилотни летала ја погодија пристанишната инфраструктура на реката Дунав, која е клучна за извозот на жито во Украина. Најмалку две лица се ранети во нападот на јужните делови на областа Одеса, соопштија украинските власти.