Папата Франциск пристигна во Монголија во петокот наутро на 1 септември, за да ја охрабри една од најмалите и најновите католички заедници во светот.
Ова е првпат папата да ја посети оваа азиска земја без море и тоа во време кога односите на Ватикан со двата моќни соседи на Монголија, Русија и Кина, повторно се затегнати.
Поглаварот на Римокатоличката црква пристигна во монголската престолнина Улан Батор по ноќен лет делумно низ кинескиот воздушен простор, давајќи му ретка можност да му пренесе порака на претседателот Си Џинпинг. Според протоколот на Ватикан, папата испраќа такви поздрави секогаш кога лета над некоја странска земја.
Во пораката до Си, Франциск изрази „добри желби до вашата екселенција и до народот на Кина“.
И покрај затегнатите односи, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека поздравот го покажува „пријателството и добрата волја“ на Ватикан.
Видете и ова:
Папата повика да се трошат помалку пари за војска, за да има за хуманитарни целиОбраќајки се за новинарите доцна во четвртокот на пат за Монголија, Франциск рече дека со нетрпение очекува да посети земја која нема многу луѓе, но култура за која ви се потребни „вашите сетила за да ја разберете“.
Предвидени се официјални состаноци со монголскиот претседател и премиерот и говор пред монголската влада, културните и деловните лидери, по што ќе следи првата средба на Франциск со бискупите, свештениците и калуѓерките кои го формираат столбот на малата католичка заедница од 1.450 членови, која постои само една генерација.
Иако христијанството е присутно во регионот стотици години, на Католичката црква и е одобрено присуство во Монголија од 1992 година, откако земјата го отфрли комунистичкото владеење на својот сојузник Советскиот Сојуз и ја внесе верската слобода во својот устав.
Оттогаш Светата столица и Монголија имаат дипломатски односи, а неколку мисионерски религиозни наредби, вклучително и Мисионерките на милосрдието на Мајка Тереза, ја негуваа малата заедница во текот на првите три децении.
Франциск долго време им дава приоритет на посетите на католичките заедници, како што ги нарекува, периферии, држејќи се настрана од глобалните центри на католицизмот. Наместо тоа, се фокусира на малите цркви каде што католиците често се во малцинство.
Видете и ова:
Папата повика на итна борба против климатските промениДруга главна цел на четиридневната посета на Франциск е да се истакне долгата традиција на меѓуверски соживот во Монголија. Монголската империја под нејзиниот познат основач Џингис Кан беше позната по тоа што ги толерираше различните вери што ги освои, а Франциск веројатно ќе ја нагласи таа традиција кога ќе претседава со меѓуверскиот состанок во недела.
Монголските будисти, кои се мнозинство во нацијата од 3,3 милиони, се поканети, како и еврејските, муслиманските и шинтоистичките претставници и членовите на христијанските цркви присутни во Монголија во изминатите 30 години, вклучувајќи ја и Руската православна црква.
Состанокот би можел да му овозможи на Франциск уште еднаш да ја поздрави Московската патријаршија, која силно ја поддржа војната на Кремљ во Украина. Франциск се обидува директно да не ја антагонизира Москва, во согласност со традицијата на Ватикан за дипломатска неутралност во конфликтите.
Неколку дена пред неговата посета, тој предизвика бес во Украина поради пофалбите за империјалното минато на Русија. Ватикан инсистираше на тоа дека овој коментар во никој случај не значи поддршка за руската агресија врз Украина.