Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска, 1 септември, изјави дека се „лоцирани неколку лица и за неколку дена ќе се знае идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија.
Лицето по кое трага полицијата го вееше „знамето со Голема Албанија“ пред 18 дена, на концертот во тетово, по повод посетата на косовскиот премиер Алби Курти, во организација на Општина Тетово.
Видете и ова:
Знаме на „Голема Албанија“ на концертот за Курти во ТетовоПретходно Спасовски тврдеше дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но дека правда ќе има и во случај да станува збор за странски државјанин.
Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12-ти август по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.