Во голем пожар што на отворено избувна помеѓу Богданци и Дојран, во близина на границата со Грција, експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна, информираше директорот на Центарот за управувањ е со кризи (ЦУК), Стојанче Агнелов.
„Пожарот избувна во атарот на селото Селемли, на место каде некогаш била фронтовската линија во Првата светска војна. На таа линија има останати многу неексплодорани мини од тоа време. За овие два часа, колку што трае пожарот, слушнати се најмалку четири експлозии“, изјави Ангелов.
Според него, овие експлозии го отежнуваат гасењето, бидејќи не е безбедно пожарникарите да се приближат и да дејствуваат. Поради тоа, изгаснат е само еден крак од пожарот, каде било безбедно пожарникарите да пријдат. Другите краци од пожарот веќе се гасат со авионите - ертрактори, информираше Ангелов.
Видете и ова:
Пожар во близина на ОХИС, пожарникарите брзо реагиралеПожарот меѓу другото се движи и кон грчка територија и според сегашните информации на едно место веќе е префрлен на грчка територија, информира Ангелов.
Директорот на ЦУК соопшти дека од тие причини преку системот 112 уште пред да се префрли пожарот на грчка територија тамошните служби се известени за да се подготват.