Најмалку 60 жртви во пожар во зграда во Јоханесбург

Спасувачка операција по избувнување на пожар во зграда во Јоханесбург, 31 август 2023 година

Најмалку 63 лица загинале во пожар што избувна во зграда во четвртокот наутро во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, потврдија службите за итни случаи.

Повредени се уште 40 лица.

Зградата е евакуирана и во тек се операции за пребарување и спасување.

Луѓето поминуваат покрај зграда по смртоносниот пожар во раните утрински часови, во Јоханесбург, Јужна Африка

Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека операцијата за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините е во тек и дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми.

Пожарникарите стојат до покриените тела на жртвите на местото на смртоносниот пожар, во Јоханесбург

Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат, но од прозорците на изгорената зграда во центарот на Јоханесбург сè уште излегува чад.