Скендер Реџепи најави нова политичка партија

Пратеникот Скендер Реџепи

Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој неодамна ја напушти партијата Алтернатива, најави дека ќе формира нова политичка партија.

Формирањето нова партија, Реџепи во гостувањето на ТВ 21, рече дека доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива, бидејќи, појаснува тој, како партија не му дале можност за промени внатре во партијата.

„Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Аалтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување“, вели Реџепи, во интервју за ТВ 21.

Видете и ова:

Меџити од „огнените“ ја основаше новата партија „Демократско движење“

Според Реџепи, иако можеби бројот на албански политички партии во нашето општество се чини голем, тој смета дека по „прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори“.

Во изминатиот период се формираат две нови партии од албанскиот политички блок. Изет Меџити од фракциската „Огнена група“ во ДУИ, основаше нова партија Демократско движење, а претходно беше основана уште една партија на Албанците, Европска демократска партија, чиј лидер е доскорешниот заменик-претседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.