Пожарот кај скопско Ајватовци ставен под контрола

the fire in the Skopje village of Ajvatovci was brought under control

Пожарот што вчера попладне избувна кај скопското село Авјатовци, на територија на општина Илинден, е ставен под контрола и повеќе не се шири, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локално население предводени од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски“, информираат од ЦУК.

Видете и ова: Ангелов: Пожарот кај скопско Ајватовци надвор од контрола

Претходно директорот на ЦУК Стојанче Ангелов синоќа информираше дека пожарот зафатил поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума.

Тој нагласи дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село Ајватовци и додаде дека е изгорени и Ајватовски рид.

Ангелов најави дека уште од рано наутро двата полициски хеликоптера ќе почнат да дејствуваат на пожарот, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.