Најмалку 10 туристи од кои најмногу Украинци се полесно повредени, а три потешко во тешка автобуска несреќа на автопатот А4 во северна Италија. Несреќата се случила синоќа откако автобус се судрил со камион, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа X (порано позната како Твитер) .
Според италијанските медиуми во автобусот се превезувала украински туристи, меѓу кои и неколку деца. Првичните информации од истрагата покажуваат дека автобусот удрил во задниот дел на камион на автопатот А4 кон Трст.
Видете и ова:
Единаесет загинати во судир на минибус и камион во ЕрменијаНа местото на несреќата се испратени десет противпожарни единици за да ги извлечат патниците од автобусот. Два хеликоптери беа во подготвеност за транспорт на повредените во болница, а вклучена е и цивилната одбрана.
Поради несреќата сообраќајот е во прекин, а возачите кои пристигнувале од правец на Венеција морале да излезат од автопатот кај Латисана.