Некои трговски ланци се однесуваат нефер и неетички, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањето на одредени прехранбени производи. Битиќи сепак не спомне конкретни имиња. Тој вели дека нема да се толерира никој што ќе носи штетни одлуки за граѓаните.
„Во овој момент не би сакал да кажувам имиња, штом ги добиеме, ќе бидат кажани. Јас не можам да останам нем на нефер практики во трговијата, а особено на практики кои одат на штета на моите сограѓани и на мене. Се додека сум на оваа позиција нема да останам нем, а практиките што тие ги практикуваат сметам дека ќе треба да бидат оставени за друго време, рече Битиќи.
Пред неколку денови производителите на млеко и млечни производи соопштија дека ќе ги продаваат производите поскапо. Битиќи вели дека зад нивото поскапување не стојат производителите, туку тоа го прават под притисок на трговците.
За поскапувањето на лебот, пак, потсети дека преработувачите веќе се изјаснија, односно дека нема услови за зголемување на цените на основните прехранбени производи, зашто сите параметри укажуваат дека има пад на суровините на прехранбените производи.
Видете и ова:
Полни пазари, празни фрижидериНа храна и пијалаци граѓаните трошат речиси половина од своите плати, покажува податоците од минималната потрошувачка кошница што ги изработува Сојузот на синдикати (ССМ).
Храната во изминатите две години поскапела за скоро 40 проценти, а зеленчукот за цели 50 проценти, покажуваат податоците на Заводот за статистика.