Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали својот народ за борбата за „слобода“ по повод Ден на независноста на земјата за време на руската инвазија, во обраќањето на 24 август.
„Денес ја славиме 32 годишнината од нашата независност - независноста на Украина. Празник на слободните луѓе“, рече Зеленски во изјавата на социјалните мрежи.
Слободата „е вредност за секој од нас и ние се бориме за неа“, рече Зеленски додека војната во Украина влегува во својот 19 месец.
Шефот на военото разузнавање на земјата, Кирило Буданов, на социјалната мрежа „Телеграм“ рече дека борбата за независност „продолжува со империјалниот агресор Русија“.
Видете и ова: Украина тврди дека уништила моќен руски ракетен систем на КримШефот на киевската служба за безбедност, Васил Малиук, исто така, на Телеграм рече дека празникот добил „нови значења“ за време на војната со Москва.
„Тоа не само што стана персонификација на нашето право на живот и слобода, туку и симбол на херојството и храброста“, рече Малиук.
За одбележувањето на денот на независноста, планирани се низа настани низ Украина.
Во Брисел, зградата на ЕУ беше осветлена во сино-жолта боја во текот на ноќта, а украинските знамиња беа истакнати покрај оние на ЕУ.
Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги пофали Украинците „за нивната храброст, нивната сила и трајна надеж во иднината на мир и просперитет во обединета Европа“.
Тие се инспирација за сите Европејци, напиша таа на социјалните мрежи.