Естонија планира да го зголеми електронскиот и видео надзор долж реката Нарва, која го формира северниот дел од нејзината граница со Русија.
Одборот на естонската полиција и граничната стража соопштија дека проектот вклучува инсталирање на шест дигитални камери и радарски контролни пунктови, со што се зголемува бројот на набљудувачки точки на 15.
Изградбата треба да започне во зима и да заврши до април 2025 година, со проценета цена од околу 2 милиони евра.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Премиерката на Естонија: Ако сакаме мир, членството во НАТО е единствена гаранција
Во април, Полска најави изградба на електрична ограда на руската граница, со деноноќни камери за надзор и сензори за движење за сеопфатен граничен надзор, особено во регионот Калининград.