Австрија се противи на влезот на Романија и Бугарија во Шенген зоната

Илустрација, Романија бара да се приклучи кон безвизната Шенген зона

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер на 23 август го повтори противењето на Австрија за приклучување на Романија во безвизната Шенген зона, членка на Европската унија.

„Нашиот став е дека Шенгенскиот систем како целина е нефункционален и затоа не сме отворени за негово проширување“, рече Карнер по разговорите во Виена со неговиот романски колега Каталин Предоју.

Како одговор, на заедничката прес конференција романскиот министер Предоју рече дека Романија и Австрија се „две пријателски, партнерски земји со заеднички политички интереси“ и дека соработката со Виена ќе продолжи.

За прием во Шенген потребно е едногласност меѓу членките на ЕУ.

Видете и ова: Хрватска влезе во Шенген, од денеска се купува со евра

Состанокот се одржува во позадина на ветото на Австрија против пристапувањето на Романија во Шенген. И канцеларот Карл Нехамер и министерот Герхард Карнер минатиот месец објавија дека Австрија го задржува својот став со кој се противи на влезот на Романија и Бугарија во Шенген.

Австрија ја наведе загриженоста за илегалната миграција Романија, која обезбеди поддршка од другите 25 членки на ЕУ. Романија ги отфрли тврдењата на Австрија, додавјќи дека нејзиниот систем за заштита на границите ги исполнувал стандардите на Шенген пред повеќе од една деценија.