Бајден го посети хавајскиот остров Мауи по големиот пожар

Американскиот претседател бајден со Првата дама во посета на Хаваи, 22 август 2023

Американскиот претседател Џозеф Бајден го посети островот Мауи на Хаваи, речиси две недели по шумскиот пожар во кој загинаа 114 луѓе, додека уште се трага по многу други. Тој изјави дека ќе биде со луѓето од Мауи „колку што е потребно“ додека не го обноват „она што огнот го проголта“.

„Гледаме што е следно. Пред сè, реконструкција, долгорочна. И тоа ќе го направиме заедно“, рече Бајден, видно вознемирен по посетата на Лахаина, која претрпе најтешко од пожарите.

Тој додаде дека ќе се погрижи гласот на луѓето да се слушне и дека ќе ги почитува локалните традиции.

„Американскиот народ е со вас. Колку што е потребно, ние сме со вас“, рече тој во обраќањето до преживеаните, заедно со гувернерот Џош Грин, сенатор од Хаваи и претставник на Мауи во Конгресот.

Хаваи во пламен

Околу 850 лица се уште се водат како исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави градоначалникот на таа област Ричард Бајсен.

Повеќе од 1.200 луѓе кои се водат како исчезнати се пронајдени безбедни, рече Бајзен во понеделникот, 21 август, и се очекува бројките да се променат.

Потврдена е смртта на 141 лице.