Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со неформалната средба што премиерот на Грција Киријакос Мицотакис ја свика со лидерите на Западен Балкан, на која учествуваа и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која тој не беше поканет. Албанија беше поканета на ниво на претседател, но шефот на државата Бајрам Бегај, одби да оди поради „претходно утврдена агенда“, пренесе МИА.
Рама пишува дека не реагирал порано бидејќи не сакал да ги вознемирува домаќините и гостите „ со дополнување на вревата пред моите добри пријатели собрани во Атина за да си ја завршат работата“.
„Навистина се надевам дека средбата била продуктивна и, се разбира, повеќе би сакал да не ја видам вечерата која се користи за да и испрати на Албанија контрадикторна порака против многу поамбициозната цел на иницијативата и јас се надевам дека овој несреќен факт не ги збуни почесните гости. Што се однесува до мене, разговорот, комуникацијата, дебатата со пријателите, сојузниците, партнерите и соседите е, пред сè, суштината на меѓународната политика и обидот, секогаш да се трудите, да се ставите на местото на другиот е задолжително. Уште повеќе кога се чини дека работите тргнуваат на лошо“, напиша Рама, пренесе МИА.
Тој истакнува дека следниот октомври Албанија ќе претседава со годинешниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана и обраќајќи му се на Мицотакис додава дека „многу почитуваниот колега во Атина е поканет да учествува и никогаш не можам да замислам да одговорам идентично, поканувајќи го наместо него, грчкиот претседател, кон кого имам најголема почит“.
Видете и ова: Атина - Побрза интеграција на Западен Балкан и поддршка за украинскиот народЛидерите од Западен Балкан кои присуствуваа на неформалната организирана синоќа од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Солунската декларација“, усогласија заедничка декларација. Тие испратија порака дека како никогаш досега е потребна силна политичка поддршка за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ, се наведува во соопштението.
На неформалната вечера присуствуваа претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула Вон Дер Лејен, лидерите на земјите од Западен Балкан, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерката на Босна и Херцеговина Борјана Кришто и косовскиот премиер Албин Курти, како и премиерите од земји членки на ЕУ од регионот и пријатели на проширувањето на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Романија Јон- Марсел Чолаку и на Бугарија Николај Денков како и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Молдавија, Маја Санду.