Османи и Вучевиќ со преписка на социјалните мрежи за признавањето на Косово

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово, објави на мрежата Х, шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи, реагирајќи на изјавата на српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, кој вчера изјави дека „Северна Македонија и Црна Гора се огрешија кон Србија со признавањето на независноста на Косово“.

Османи додава дека „очекува појаснување од српскиот министерминистерот за одбрана на Србија, додава Османи во објавата на X.

Шефот на српската одбрана, Милош Вучевиќ, вчера изјави и дека „постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи“.

„Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи“, рече вчера Вучевиќ.

Видете и ова: Министерот за одбрана на Србија: На Црна Гора и С. Mакедонија ќе им се удри од глава признавањето на Косово

На изјавата на Османи, Вучевиќ одговори со објава на мрежата Х, претходно позната како Твитер.

„И покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи. Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет“, напиша Вучевиќ.