Шпанија ја освои својата прва шампионска титула на Женското светско фудбалско првенство, откако во финалето во Сиднеј ја совлада репрезентацијата на Англија со 1 – 0, со голот на Олга Кармона во 29-тата минута.
Шпанија е првата европска земја која станува светски шампион по репрезентацијата на Германија во 2007 година.
Шпанија во полуфиналето ја совлада Шведска со 2 – 1.
Победата на Шпанките доаѓа една година по бунтот на репрезентативките. Петнаесет фудбалерки лани се повлекоа од репрезентацијата поради нивното ментално здравје и повикаа на попрофесионално опкружување. Три од овие репрезентативки – Она Батле, Аитана Бонмати и Мариона Калдентеј се помирија со фудбалската репрезентација и учествуваа на Светското првенство.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Прв женски тренер на машки фудбалски тим во Египет
Англија минатата година стана Европски шампион на домашен терен, но не успеа да ја освои светската титула, откако три од најдобрите репрезентативки – капитенката Леа Вилијамсон, Фран Кирби и Бет Мид не учествуваа на светското првенство поради повреди.
Англија во полуфиналето го совлада домаќинот Австралија со 3 – 1.