Дваесет и пет кинески воени авиони во последните 24 часа ја поминаа средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти на 20 август Министерството за одбрана на Тајван.
Тој теснец е предмет на меѓународен спор, Кина тврди дека има суверенитет над него, а средната линија, позната и како Дејвисова линија, е одредена во 1955 година и се смета за граница меѓу двете страни.
Во соопштението на Министерството се наведува дека кинеските борбени авиони Су-30 и Ј-11 навлегле на територијата на Тајван. Во него се додава и дека нема информации дека Кина вчера и денеска ги продолжила воените вежби.
Ден претходно Командата на кинеската војца на интернет објави снимка со воени вежби на кои учествуваат, меѓудругото, бројни воени бродови и авиони.
Пекинг соопшти дека се работи за предупредување кон „сепаратистичките сили“ и е очекуван одговор на посетата на потпретседателот на Тајван, Влијам Лаи на Соединетите Американски Држави (САД). Тој на 18 август се врати од САД каде престојуваше за време на неговиот пат до Парагвај.
Видете и ова:
Кинески воени вежби околу Тајван како одговор на посетата на тајванскиот вицепремиер во САДТајванските власти остро ги осудија кинеските воени вежби, соопштувајќи дека ќе испратат соодветни сили за да се осигура националната безбедност
Тајпеј изјави и дека Кина ја користи посетата како изговор за заплашување на гласачите пред претседателските избори што треба да се одржат во Тајван следната година.