Пет луѓе се спасени синоќа на Охридско Езеро, откако сопственикот на едрилицата изгубил контрола над неа поради невремето, соопшти Министерството за внатрешни работи на 20 август.
Езерската полицијата ја пронашла едрилицата, која била и оштетена поради невремето во близина на границата со Албанија.
Видете и ова: Град како орев во Охрид, најмногу дожд во БеровоПокрај сопственикот на едрилицата имало уште четворица други луѓе. МВР посочува дека спасените луѓе се во добра здравствена состојба, без повреди.