Папата повика да се трошат помалку пари за војска, за да има за хуманитарни цели

Папата Франциск

Папата Франциск повика да се трошат помалку пари за војската за да останат повеќе за хуманитарни цели.

„Наша одговорност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, напиша поглаварот на Католичката црква на 19 август на социјалната платформа „X“, поранешен Твитер.

„Ајде да охрабриме оружјето да се остави настрана, да има намалување на воените трошоци за да може да се обезбедат хуманитарни потреби и инструментите на смртта да се претворат во инструменти на животот“.

Видете и ова: Папата Франциск со апел до Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито


Папата Френциск не ги стави своите забелешки во некој конкретен контекст, но 19 август е прогласен за Светски ден на хуманитарната помош од Обединетите нации.