Кинески воени вежби околу Тајван како одговор на посетата на тајванскиот вицепремиер во САД

Архивска фотографија

Кинеската војска на 19 август започна воени вежби околу Тајван, велејќи дека тоа е „сериозно предупредување“ за сепаратистичките сили. На воените вежби се гледа како на лут и широко очекуван одговор на посетата на потпретседателот на Тајван Вилијам Лаи на Соединетите Американски Држави (САД).

Лаи, кој е фаворит за претседател на Тајван на изборите во јануари, се врати од САД на 18 август. САД всушност му беа пропратна станица на пат кон и од Парагвај но и во САД имаше говори. Кина го смета демократски управуваниот Тајван како своја територија, и покрај силните приговори на владата на Тајван.

Источната команда на кинеската војска соопшти во кратко соопштение дека спроведува заеднички поморски и воздушни борбени патроли околу островот.

Видете и ова:

Тајван се подготвува за воена вежба, Кина испрати бродови и авиони


Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека откриле 42 кинески авиони и осум бродови вклучени во вежбите околу островот од саботата наутро и дека распоредило бродови и авиони како одговор.

Министерство остро ги осуди воените вежби на Кина.