Осуда за филмот „Хероите на Халијарда“ на Сараевскиот филмски фестивал

Илустрација

На овогодинешното, 29. издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), јавноста ја разбрануваше прикажаниот инсерт на филмот „Хероите на Халијарда“ во режија на српскиот режисер Радош Бајиќ.

Појавата на овој филмски проект на СФФ го отвори прашањето за ревизија на историјата, додека организаторите беа на удар.

Филмот моментално е во постпродукција и допрва треба да ја види светлината на денот. Премиерно ќе биде прикажан во средината на септември, најави Бајиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Не би коментирал за лудилото“, вели тој за критиките и додава дека ќе биде подготвен сериозно да разговара за филмот во средината на септември, пред премиерата.

„За оние кои не знаат, „Хероји Халијарда“ е четничка драма на Радош Бајиќ“, рече колумнистот од Бања Лука, Драган Буршаќ на 15 август, непосредно по емитувањето на инсертот на филмот на СФФ.

Откако Бурсаќ жестоко ја критикуваше СФФ за „претставувањето на четничката серија и филм“, следеа бурни реакции и негативни коментари од јавноста и официјалните институции.