Вработените во ЈСП денеска ги добија платите на своите сметки, утре нема да има протести на вработените на Јавното сообраќајно претпријатие, изјави за МИА, Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати на ЈСП Скопје.
Синдикалците од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) денеска пред влезот на просториите на Град Скопје бараа прием од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за решавање проблемот со задоцнетите плати, но и покрај тоа што не успеале да добијат средба од неа, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.
Видете и ова: Синдикат на ЈСП: Ако денеска нема плата, утре нема да има автобусиТие се заканија дека „ако денеска не добијат плата за јули, а рокот бил поминат, утре нема да има нивни автобуси во градскиот превоз во Скопје“.