Пјонгјанг виа Кавадарци

ГЕРМАНИЈА - Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис. Ова е прв чекор на германската влада кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели.

ШВАЈЦАРИЈА - Потпретседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин го повика европскиот фудбал да го „елиминира ракот“ на хулиганството.

ХОЛАНДИЈА - Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка објавена на 16 август од холандската агенција за статистика.

МАКЕДОНИЈА - До крајот на годината очекувам да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на 16 јули.

КОСОВО - Министерството за здравство на Косово денеска ги повика граѓаните да бидат повнимателни и постојано да ја контролираат водата за пиење, поради зголемениот број на заболени од менингитис во последните два месеци.

ЛИТВАНИЈА - Литванската влада денеска одлучи да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија, поради „геополитички околности“ кои настанаа откако Белорусија ги прифати членовите на руската платеничка група Вагнер.

МАКЕДОНИЈА - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека измени на Уставот под бугарски диктат не се можни и нема да ги поддржат на претстојната пленарна седница на 18 август каде што ќе се дебатира за вметнување на Бугарите во Преамбулата.

УКРАИНА - Товарен брод го напушти украинското црноморско пристаниште Одеса и плови низ привремениот коридор воспоставен за цивилни бродови. Тоа е првиот комерцијален брод што го напушта пристаништето од 16 јули.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со косовскиот министер за транспорт Алиу во партиското седиште во Тетово. Ахмети изјави министерот Либан Алиу е дојден во земјава на средба со него по барање на косовскиот премиер Албин Курти, кој во на 13 август беше во посета на Тетово и Скопје на средба со опозициските лидери од албанскиот политички блок.

МАКЕДОНИЈА - Обвинителите отвориле истрага против 42-годишен маж од Кавадарци за кого се сомневаат дека подолг временски период вршел полови дејствија кон неговата ќерка родена во 2016 година, соопшти денеска Основното јавно обвинитлество.

СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја објави дека американскиот војник Тревис Кинг преминал на нејзина територија минатиот месец поради „нечовечко малтретирање и расна дискриминација“ во војската.

ХАВАИ - Бројот на загинати во разорниот шумски пожар во американската сојузна држава Хаваи се зголеми на 106, додека властите продолжуваат да ја пребаруваат областа и да ги идентификуваат жртвите од катастрофата.

РУСИЈА - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека соборило три украински беспилотни летала југозападно од Москва, главниот руски град кој се соочи со воздушни напади во последните недели.