Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка објавена на 16 август од холандската агенција за статистика.
Петтата по големина економија во еврозоната забележа пад втор квартал по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци од оваа година, пренесува Ројтерс.
Холандскиот економски раст беше близу 5 проценти во 2021 и 2022 година, поради закрепнувањето од падот предизвикан од пандемијата Ковид-19.
Видете и ова: Инфлација - јаз меѓу официјалните податоци и реалните трошоци за животПрвата постпандемиска рецесија беше предизвикана од падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација што ја поскапи храната и ги зголеми сметките за енергија во Холадија и нејзините трговски партнери.
Потрошувачката е намалена за 1,6 отсто, а извозот е за 0,7 отсто помал во однос на првите три месеци од годинава.
Инфлацијата во Холандија забавува откако во септември минатата година достигна врв од 14,5 отсто, но останува релативно висока на околу 6 отсто во вториот квартал од 2023 година.