Директорот на ФЗО Ахмети си поднесе оставка за да се посвети на визијата на лидерот на ДУИ

Еден од директорите на ФЗОРСМ Фатон Ахмети

Еден од двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) Фатон Ахмети денеска поднесе оставка од функцијата. Фондот за здравствено осигурување функционира со двајца директори кои ја делат својата функција, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. На функција засега останува втората директорка Магдалена Филиповска-Грашковска.

Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека поднел оставка за да се посвети на партијата.

„Својот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, напиша Фатон Ахмети.

Видете и ова: Откупот за сајбер нападот врз ФЗО не бил милионски


Во февруари годинава за време на хакерските напади на ФЗОРСМ беа предизвикани сериозни проблеми во дејствувањето на институцијата, при што при што ги остави без плати здравствените работници, ја запре исплатата на породилното и другите боледувања, направи огромни проблеми со земањето лекови, а во игра ги врати и хартиените обрасци.

Ахмети заминал на одмор пред нападот и по него не се вратил на работа. По таквата информација тој се огласи од САД на социјалните мрежи и посочи дека таму престојува на покана на Стејт департментот на програмата ИВЛП, а патувањето било планирано неколку месеци пред тоа.