Линднер - Германија стои „рамо до рамо“ со Украина

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер

Германија стои „рамо до рамо“ со Украина, рече германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на 14 август за време на неговата поста на Киев, за прв пат од почетокот на војната.

Линднер, чие патување не беше најавено однапред, по пристигнувањето рече дека ќе има „многу конкретни“ разговори со украинските претставници за тоа како германското Министерство за финансии може да ја поддржи Украина сега и во иднина.

„Ние стоиме на страната на Украина, рамо до рамо“, изјави Линднер за новинарите.

Видете и ова: Украина ќе добие системи за противвоздушна одбрана од Германија

Од руската инвазија во февруари 2022 година, Германија и обезбеди на Украина околу 24 милијарди долари хуманитарна, финансиска и воена помош, рече Линднер.