Единаесет загинати во судир на минибус и камион во Ерменија

Пожарникари на местото на сообраќајната несреќа во Ерменија, 14 август 2023 година

Најмалку 11 лица загинаа, а девет се повредени во судир на минибус и камион, рано на 14 август во Ерменија.

Петмина од повредените се во критична состојба, велат лекари за ерменскиот сервис на Радио слободна Европа (РСЕ).

Сообраќајна несреќа се случила на автопатот Ереван-Ѓумри на околу 85 километри североисточно од Ереван, соопштија ерменските власти.

Според роднините на жртвите, минибусот превезувал патници кои се враќале од Турција во Ерменија.

Видете и ова: Загинаа 8 Ерменци во сообраќајна несреќа во Русија

Надлежните институции ги истражуваат причините за несреќата.