Пронајдено телото на давеникот во Дојранско езеро

Дојранско езеро

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) од Струмица информираше дека телото на давеникот во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата околу пладне, доцна попладне пред стемнување е пронајдено.

„Настанот се случил кога тоа лице било качено на педелинка, што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото на давеникот веднаш не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – практично видливоста е до 1м длабочина кога езерото е мирно. Но, попладне по 16 часот почнал да дува ветер и бранови со што видливоста се намалила уште повеќе“, соопшти ЦУК.

Видете и ова:

ЦУК: Се трага по давеник во Дојранско езеро


Телото било пронајдено вечерва околу 19 часот од нуркачите на полициските специјалци и извлечено.

ЦУК апелира до граѓаните коишто рекреираат и одмораат покрај езера, море или река секогаш да ги почитуваат мерките на безбедност што се предвидени за престој во конкретно место или за користење пловни и други средства за рекреација, а и лично секогаш превентивно да имаат свесност за можните опасности во местата за одмор покрај вода.