Бројот на загинати од лизгањата на земјиштето предизвикани од обилните дождови во северна Кина се искачи на најмалку 21 лице, соопштија властите на 13 август. Уште шест лица се водат како исчезнати, соопшти Кинеското биро за вонредни ситуации.
Врнежите од дожд во планинското село Веизипинг во провинцијата Шанкси предизвикаа големи лизгања на земјиштето во петокот кои уништија куќи, патишта и мостови.
Видете и ова:
Најмалку 33 мртви во поројните дождови во ПекингВластите во Кина известуваат за повеќе загинати и исчезнати во поплавите
Државното радио претходно јави дека во овој реон е исклучена и струјата. Во операциите за пребарување и спасување беа мобилизирани стотици војници и пожарникари.
Во последните недели Кина се соочи со смртоносни поплави. Десетици луѓе загинаа за време на невремето што го зафати северниот дел на земјата.