Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) од Струмица информира дека се трага по давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во езерските води денеска, 13 август, околу пладне.
„Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до еден метар длабочина“, соопшти ЦУК.
Местото на настанот, според ЦУК, било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР - Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото.