Зеленски-Сите шефови на регионални „воени комитети“ ќе бидат разрешени

UKRAINE – Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy. Kyiv, August 8, 2023

Сите шефови на регионалните воени центри за регрутирање на Украина ќе бидат разрешени, објави претседателот Володимир Зеленски на 11 август поради загриженоста за корупција. Зеленски рече дека прегледот на центрите за регрутирање во Украина открил знаци на професионална злоупотреба, од незаконско збогатување до транспорт на мажи подобни за регрутирање преку граница и покрај забраната за време на војната.

„Овој систем треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војната е предавство“, рече тој во изјавата.

Тој истакна дека „вкупно веќе има 112 кривични постапки против службеници на воените комисии,и околу 30 осомничени “.

Видете и ова: Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

Учесниците на состанокот на НСДЦ го покренаа и прашањето за работата на воено медицинските комисии (ВМК), „сега - инспекција, подготовка на предлози“. „Ќе има и одлуки“, рече претседателот и додаде дека Советот за национална безбедност ќе се состане за ова прашање за две недели.

На почетокот на август, Зеленски истакна дека инспекцијата на воените комисии открила многу злоупотреби. На крајот на јули, тој најави најави „сеопфатна инспекција“ на територијалните центри за регрутирање и социјална поддршка од воениот комесаријат.

Според него, 11 региони биле земени под посебна контрола. Еден ден претходно, воена полиција изврши претрес при што го уапсија воениот комесар од Одеса, а беа уапсени и шефовите на регионалните и окружните воени комесари на регионот Ривне.