Се урна мал авион кај Белград, едно лице загина 

Внатрешност на летало за време на вежба во Батајница - илустративна фотографија

Едно лице загина во пад на ултралесен авион во близина на приградската населба Земун Пољe во Белград, потврди српското Министерството за внатрешни работи за агенцијата Бета.

Авионот се урнал нешто по 12:00 часот, откако претходно полетал од аеродромот „13 Мај“ кај Земун Поље. Аеродромот 13. Мај се наоѓа на десет километри западно од центарот на Белград.

Претставникот на Центарот за истражување на сообраќајни незгоди Небојша Петровиќ изјави дека ултралесниот авион што се урна во близина на Белград полетал од аеродромот „13 Мај“ кај населбата Земун Поље.

Локацијата каде што се случила несреќата.

Петровиќ, кој е главен истражител на Центарот, за агенцијата Бета изјави дека ултралесниот авион е во регистарот на домашната Дирекција за цивилно воздухопловство.

Тој додаде дека претставниците на Центарот штом добиле информација за падот на авионот излегле на местото на несреќата.