САД ги проширија санкциите за неколку Белоруси на годишнината од „наместените“ избори

Илсутрација - Активистка од белоруската дијаспора во Украина држи карикатура со ликот на белорускиот претседател Лукашенко за време на антивоен протест

Соединетите Држави воведоа нови санкции против неколку белоруски субјекти и поединци на 9 август, на годишнината од претседателските избори во 2020 година кои го задржаа лидерот Александар Лукашенко на власт. Американското Министерство за финансии објави дека новите санкции се насочени кон субјектите вклучени во „постојаната репресија на граѓанското општество од страна на режимот“, неговото соучесништво во руската војна во Украина и „збогатувањето“ на Лукашенка, пренесува англискиот сервис на Радио Слободна Европа. .

Санкциите наметнати од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) се насочени кон осум поединци, вклучително и извршниот директор на Belarus Steel и членови на семејството за кои Одделот вели дека контролираат значителни делови од секторите за тутун и транспорт во Белорусија.

Видете и ова: ЕУ ги прошири санкциите за Белорусија

Санкциите погодија и три државни ентитети, вклучувајќи ја авиокомпанијата Белавија и регионалниот авион на Канадер што го користат високи функционери и членови на семејството на Лукашенко, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Изборите на 9 август 2020 година беа наведени во изјавата како „монторани“ и се вели дека санкциите го нагласуваат „унифицираниот став дека континуираното угнетување на Белорусија врз нејзините граѓани и тековната поддршка за руската војна против Украина остануваат глобална грижа“.