Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година, објави МИА.
Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса...
Видете и ова:
Германскиот Бундестаг со поддршка за македонскиот јазик и култура„Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат кога заедно се сретнуваат, а никој не кажува дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели. Во тоа е работата, дека скандинавците се многу понапреднати од Бугарите“, изјави Фридман.
Професорот Фридман, кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.
Бугарија го негира постоењето на македонскиот јазик како посебен, исто како и посебноста на македонскиот народ, нарекувајќи ги „комунистичка и титова творба“.