Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна за Ангелче Николов, изречена од Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици, е намалена на 8 години.
Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Ангелче Николов од Велес, на 17 декември 2022 година, во пијана состојба ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и побегна од местото на настанот, а притоа возел и со брзина повисока од пропишаната. Велешкиот суд го осуди на 18 години затворска казна, по која тој се жалеше на повисока инстанца.
Видете и ова:
Kонтроверзни судски пресуди за сообраќајки со трагичен крајНа Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката на 17 декември минатата година. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.
Апелациониот суд од Скопје на почетокот на неделава објави дека делумно е уважена жалбата на Николов, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега.