Вкупно четириесет и еден мигрант загинаа во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, информираа преживеаните во несреќата за локалните медиуми, пишува „Би-би-си“.
Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис и потонал на пат кон Италија. Четворицата преживеани, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, пристигнаа во Лампедуза во средата.
Видете и ова:
Вонредна состојба во Италија поради зголемен број на мигрантиПовеќе од 1 800 луѓе досега ги загубија животите оваа година преминувајќи од Северна Африка во Европа.
Туниските власти велат дека Сфакс, град кој се наоѓа на пристаниште на околу 130 километри од Лампедуза, претставува популарна порта за мигрантите кои бараат безбедност и подобар живот во Европа.
Во последните денови, италијански патролни чамци и добротворни групи спасија уште 2 000 луѓе кои пристигнаа на Лампедуза.