Словачката претседателка Зузана Чапутова даде дозвола за девет словачки државјани да служат во украинските вооружени сили кои се борат против инвазијата од соседна Русија.
Словачките медиуми на 5 август објавија дека Чапутова разгледала 35 барања и одобрила девет од нив. Причините за прифаќање или одбивање не се наведени.
Видете и ова: Украина под бран напади од руски проектили, тројца мртвиВо согласност со сегашното законодавство, словачките граѓани имаат право да служат во армиите на други земји само со дозвола на претседателот на државата. Без таква дозвола се заканува кривична одговорност.
Претходно овој месец, Чешката Република објави дека им дала слична дозвола на 146 граѓани од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.